379
Министерот за здравство, Венко Филипче посочи дека има случај на заболен од коронавирус на клиниката за кардиологија.
„Еден од членовите на резервниот тим пројавил симптоми. Таму нема лежечки пациенти, туку пациенти за интервенција одат во овој оддел и во тој дел се целосно заштитени докторите. Доколку се установи дека некој се појавил на работа свесен дека има симптоми, ќе има санкции“, посочи Филипче.
Тој посочи дека во заводот за рехабилитација траат проверките, и дека се земени материјали од 18, по кои резултати ќе се одлучува што понатаму со заводот.
„Постои голема веројатност од понеделник да работи само амбулантскиот дел, но ќе се направи план за работа по завршување на тестовите“, рече Филипче.