Удриле во бетонски ѕид: Две лица со возило бегале од полицијата за време на полициски час

од Берта Китинска
310 прегледи

Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе предлог за издавање казнени налози против четири лица кои го сториле кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Полициски час

Двајца од обвинетите биле предупредени од полициски службеници кај викенд-населба на планината Плачковица за забраната на движење, но се упатиле по регионалниот пат кон Радовиш. На даден знак не застанале на полициска контрола кај селото Шипковица, ниту, пак, застанале на полициска контрола кај с.Раклиш. Потоа со возилото удриле во бетонски ѕид кај ГП Техника и без да застанат продолжиле да се движат по регионалниот пат кон с.Ораовица, каде во 00:30 часот од страна на полициски службеници биле пронајдени во нивниот дом. За стореното кривично дело, обвинителството предложи на судот на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби, секоја во висина од по 10 евра во денарска противвредност.

​Третиот обвинет на 25.03.2020 година, во 00:50 часот во Радовиш, не постапил според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на коронавирусот, бидејќи во време на забрана на движење на населението од 21 до 5 часот, со восило се движел по градот. Основното јавно обвинителство Радовиш предложило на судот на обвинетиот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја во висина од по 5 евра во денарска противвредност.

Четвртиот обвинет го сторил делото на 24.03.2020 година, во 22:45 часот во с. Раклиш, општина Радовиш, кога за време на полицискиот час со возило се движел по регионалниот пат Радовиш – с.Раклиш. Паричната казна која е предложена до судот за овој обвинет е во висина од 100 дневни глоби, секоја во висина од по 5 евра во денарска противвредност.

Слични содржини