Откритие на холандските научници: Анализата на отпадните води може да биде рано предупредување на појава на Ковид-19 во градовите

од Aleksandar Petrovski
162 прегледи

Холандските научници успеаја да го пронајдат коронавирусот во отпадните води на еден град пред да се регистрираат првите случаи на Ковид-19 во него, презентирајќи нов метод за рано предупредување за ширење на заразата.

Таканаречениот коронавирус „САРС-КоВ-2“ често може да се најде во столицата на заразено лице, и иако канализацијата не се очекува да стане важна патека за пренесување, ширењето на патогени микроорганизми во локалните области, исто така, ја зголемува количината на вируси кои завршуваат во канализација, соопштија во понеделникот Гертјан Медема и неговиот тим во Институтот за истражување на вода KVR во Нихен.

Тие го откриле генетскиот материјал на новиот коронавирус во фабриката за пречистување на отпадни води во Амерсфорт на 5 март, кога не биле регистрирани случаи на зараза во градот, кој се наоѓа на околу 50 километри југоисточно од Амстердам, пренесува Блумберг.

Холандија го потврди првиот случај на „Ковид 19“ на 27 февруари, а неколку дена подоцна здравствени работници се разболеле на југот на земјата, што значи дека инфекцијата се шири.

„Важно е да собереме информации за присуство на новиот коронавирус во канализацијата за да знаеме дали канализационите работници се безбедни, но и да се утврди дали анализата на отпадни води може да ни помогне да одредиме колку е во оптек SARS-CoV-2 во нашите заедници “, објасни Медема, главниот микробиолог на Институтот и неговиот тим во документот, оценувајќи дека новиот метод ќе ги надополни клиничките студии, кои се ограничени на заболените од Ковид-19 со најизразените симптоми.
Анализата на отпадните води може да биде метод за рано предупредување за појава на Ковид 19 во градовите, но и за враќање на заразата, велат научниците.

„Откривањето на вирусот во канализацијата, дури и кога нема многу случаи на Ковид 19, доведува до заклучок дека анализата на отпадни води би можела да стане важна алатка за следење на движењето на вирусот кај населението“, е убеден Медема.