Учител на денот: За да ги развесели, на своите ученици им пее и свири под прозорец (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
118 прегледи

Учителот Иван Петрановиќ од Основното училиште „Иван Мерц“ во Загреб, кое беше оштетено во неодамнешниот земјотрес во кој загина девојче, дошол на идеја како да ги развесели своите ученици кои мора да останат дома поради епидемијата на коронавирус.

Учителот почнал да ги посетува учениците кои мора да бидат затворени во своите домови, им пеел и им свирел под прозорец за барем малку да ги развесели пренесува Јутарњи Лист.

 

https://www.facebook.com/vlatka.kolarovic/videos/10218802929157018/?t=1