Кризата предизвикана од пандемијата ќе ја препороди Европската унија – или ќе ја уништи.

Шефот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен е во незавидна позиција, но прави се што може, коментира Бернд Ригерт, дописник на Дојче Веле од Брисел.
Во оваа невидена криза, рече тој, добро познатиот политички план се повторува во ЕУ: Ако тргне наопаку, тоа во суштина се е вина на Европската унија. Ако нешто функционира, владите на земјите-членки си ја припишуваат заслугата на себе.
Европската комисија во Брисел се обидува да ги координира акциите за справување со пандемијата на коронавирус. Но таа има малку компетенции во однос на превентивното здравје, контрола на болести и гранична контрола. Може да дејствува само доколку земјите членки се едногласни и ѝ дадат задача. Во светло на драматичниот развој на актуелните настани секоја земја членка дејствува самостојно, што е и разбирливо. Владите, се разбира им се најблиски на сопствените граѓани.
Гранците беа затворени брзо и некоординирано, прекинат беше ланецот на снабдување и издадена забрана за извоз на заштитни маски. Дури тогаш беше побарано од ЕУ како целина да напарави ред во хаосот и да ги огранични севкупните европски штети.
Незамисливото, сега е возможно
Оваа улога сега ја има Европската комисија на чело со претседателката Урсула фон дер Лејен. Таа прави сѐ за да остави впечаток дека корона-кризата не треба никого да обесхрабри и дека има подготвени солидарни одговори на невидените предизвици. Фон дер Лајен се истакнува како кризен менаџер. Една неблагодарна задача, која само до пред четири недели беше нешто незамисливо. Бидејќи нејзините можности за самостојна и брза одлука се ограничени. Таа не може ниту да отвори ниту да спушти бариера, ниту пак сама да набави медицинска опрема и да ја дели.
Сепак некои важни работи се занемаруваат: ерозија на правната држава во Унгарија и Полска продолжува неказнето. Миграциската политика исчезнува, климатската заштита е одложена. Сега сѐ зависи од корона кризата, и претседателката на Комисијата, која е само четири месеци на функција мораше да признае дека короната е тест за ЕУ. „Да се биде или не“, е шекспировското прашање за сојузот на држави. „Гледавме во бездна“, рече пред една недела Фон дер Лејен во однос на состојбата во Унијата. Сега вие треба да ѝ дадете смисла и задача на ЕУ во решавањето на кризата.
Разнишани столбови
Само за три недели коронавирусот уништи многу позитивни нешта кои се сметаа за столбови на Унијата и кои беа градени со децении претходно: нарушен е заедничкиот пазар, Шенген зоната веќе не функционира, монетарната унија е на тест, а стопирана е дури и Еразмус програмата за размена на студенти.
Одговорот е во заедничко финансирање на кризата
Тестот за изджливост на ЕУ допрва доаѓа. Бидејќи ќе мора да се донесе одлука како ќе се финасиираат огромните суми кои им се потребни на Италија, Шпанија, Франција, но и на Германија за да се преживее коматозната состојба на нивните економии. Дали овие инструменти ќе се викаат „корона-обврзници“ или не е само прашање на политички маркетинг, а не и суштина. Јасно е дека мора да има заедничко финансирање за да се успее – во спротивно ЕУ ќе пропадне. Бездната што ја погледна Урсула фон дер Лејен е се уште блиску.
Извор: ДВ