Кинезите ги преплавија турстичките места после карантинот: Што им порачаа епидемиолозите? (видео)

од Nikola Popovski
214 прегледи

Популарните туристички локации и поголемите градови во Кина за викендот биле преполни со луѓе и покрај предупредувањата на здравствените работници поради пандемијата на коронавирусот, која не е завршена.

Фотографиите се од 4-ти април вод планинскиот парк Хуангшан во провинцијата Анхуи и прикажуваат илјадници луѓе од кои многумина носеле маски, но биле многу блиску едни до други. Сите сакале да минат време на отворено по долгиот период на забрана за патување и строгите мерки на карантинот.

Според агенциите, имало голем метеж, а во еден момент објавено е дека паркот го достигнал својот дневен капацитет кој изнесува 20.000 посетители и дека повеќе нема да прима.

Слична ситуација има и во Пекинг, каде луѓето престојувале на отворени места и во паркови.

Наглото враќање на секојдневието доаѓа по повеќе од три месеци од откривањето на коронавирусот во кинескиот град Вухан. Вирусот се проширил низ целиот свет, заразени се повеќе од милион луѓе, а животот во Кина бил речиси сопрен за да се спречи ширењето на вирусот.

https://twitter.com/FarhangNamdar/status/1246844669524348935?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1246844669524348935&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3442347%2Fkinezi-jedva-docekali-turisticke-lokacije-prepune-a-evo-sta-su-im-porucili-epidemiolozi-video

И додека кинеската влада полека ги намалува рестрикциите, експертите за здравство ги повикуваат граѓаните да останат внимателни.

– Пандемијата не е ни близу до крајот, туку влегла во нова фаза. Во остатокот од светот таа беснее – наведуваат тие.

По објавата на фотографиите од паркот Хуангшан, официјалниот весник на владејачката Комунистичка партија пратил јасна порака до туристите да не собираат.