Градоначалникот на Њујорк со шокантна исповед: „Мртвите ќе ги закопуваме привремено во градските паркови“

од Nikola Popovski
204 прегледи

Според официјални претставници, САД влегле во „клучната недела“ за коронавирусот, додека во извештајот на Генералниот инспектор за здравство се вели дека болниците се борат да ги одржат и прошират објектите за заразените пациенти.

Бројот на загинати во САД, што надмина 10.000 во понеделникот, брзо се приближува до Италија и Шпанија, земјите што се најпогодеи од новиот коронавирус.

Според пресметките на „Ројтерс“, засновани врз официјални бројки, досега има 16.000 мртви во Италија и 12.500 во Шпанија.

„Тоа ќе биде врвот на хоспитализациите… и за жал, неделата со најмногу починати“, изјави во понеделникот адмиралот Брет Гироар, лекар и член на работната група за коронавирусот при Белата куќа, пренесува ABC.

Тој особено изрази загриженост за ситуацијата во Њујорк, Њу Џерси, Конектикат и Детроит.

Во одделна изјава за Ен-Би-Си, Гироар рече: „Без разлика дали живеете во мал град во Америка или во      „Големото јаболко “, сите сме подложни на тоа и сите треба да ги следат мерките на претпазливост што ги воведовме“.

Над 90% од Американците добиле наредба од државните гувернери да останат дома, додека осум држави сè уште не наметнале вакви ограничувања.

„Ни требаат херои“

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио изјавил дека недостатокот на медицински персонал е најголемиот проблем во моментов и тој побара дополнителни 45.000 доктори и медицински сестри за овој месец.

„Се повеќе и повеќе ќе има проблеми со персоналот“, рекол Де Бласио пред новинарите пред објектот за производство на хируршка ракавици. „Ни треба таа опрема, но исто така ни требаат херои за да ја носат“, истакна тој.

Од градот пријавиле повеќе од 3.100 мртви и веќе размислуваат за привремено погребување на починатите во еден од парковите, рече Марк Левин, претседател на комисијата за здравство на Њујорк.

„Наскоро ќе започнеме со „привремени погребувања“. Веројатно ќе искористиме еден парк во Њујорк за тоа. Ќе се копаат гробници за 10 тела во ред“, напишал градоначалникот на својот Твитер профил.

Тој додал дека ќе биде достоинствено, но ќе им биде тешко на Њујорчаните да го прифатат ова.

Пандемијата, исто така, се појавила и во Њујоршката полиција, од каде соопштиле дека 18,6 проценти од полицајците биле заразени во неделата, што значи 5,1 процент од сите заразени.