Погледнете колку далеку и брзо се шири заразата ако само еден човек кивне во затворен простор: Ова е ужас (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
274 прегледи

Создадена е компјутерска симулација за да се испита колку вирус може да достигне во затворен простор. Резултатите се загрижувачки – заразените капки би можеле да заразат здрави луѓе дури и откако заразеното лице си заминало од местото на кое кашлало или кивало, пренесува британски Сан.

Научниците велат дека најдобриот начин да се избегне зараза од коронавирус е да се држите настрана од јавни места каде има многу луѓе.

– Ако одите на многу места, останете што е можно пократко – советува професорот Вили Вуринен од универзитетот Алто во Финска.