Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека е неопходно да се анализира потеклото на вирусот.

Според Дачиќ, од почетокот на кризата исчезна заедничкиот став на ЕУ.
„Мислам дека големите сили ни должат објаснување, пред сè ООН и Советот за безбедност – без разлика дали станува збор за природен вирус или лабораториски, без разлика дали станува збор за биолошка војна“, вели Дачиќ, наведувајќи дека постојат различни теории.