Американски лекари: Вртењето на пациентите со коронавирус на стомак може да им го спаси животот

од Nikola Popovski
159 прегледи

Американските лекари откриле дека вртењето на стомак на пациентите со коронавирус може да им го спаси животот, соопшти Си-Ен-Ен, додавајќи дека така количината на кислород во белите дробови на пациентите ќе се зголеми.

„Така  спасуваме животи, 100 проценти. Тоа е лесно да се направи и видовме огромно подобрување кај пациентите”, вели д-р Мангала Наришман, директорка на одделението за тешко болни при „Northwell Health“, мрежа од 23 болници во Њујорк.

Како што објаснува Си-Ен-Ен, пациентите кои се заразени со вирусот, често умираат од синдром на акутен респираторен стрес (ARDS), што е предизвикано од оштетување на паренхимот на белите дробови.

Луѓето со грип, пневмонија и други болести умираат од истиот синдром.

Пред седум години, француските лекари објавиле статија во која се гледа дека пациентите со ARDS кои биле на респиратори, имаат помала веројатност да умрат ако се свртени на стомак.

Оттогаш, лекарите во САД ги превртувале пациентите на стомак, приклучени на респиратори.

Си-Ен-Ен наведува дека американските лекари на тој начин превртиле еден пациент од Лонг Ајленд и стапката на заситеност со кислород се зголемила од 85 на 98 проценти.

Пациентите обично оставаат да лежат така околу 16 часа на ден, а остатокот од времето лежат на грб, така што лекарите би имале подобар пристап до предниот дел на телото и можат полесно да им ги дадат потребните лекови.