Епидемијата на вирусот корона би можела да исчезне за време на пролетта и за неколку недели да нема нови случаи, е охрабрувачката порака испратена од познатиот француски професор Дидие Раул, ширум светот познат по неговиот третман со антималарискиот лек хидроксихлорокин во комбинација со антибиотикот азитромицин.

Неговата изјава го изненади целиот свет што се бори против пандемија, пренесува Новости.рс. Тој истакна дека ја најавувал оваа можност и порано.
„Причините се исклучително чудни и вообичаени кај повеќето вирални респираторни заболувања. Тоа е прилично доста банално“, објасни Раул, поради што епидемијата одеднаш може да се повлече.
Раул го изјави ова во своето видео обраќање, кое во последно време е негов вообичаен метод на комуникација.
„За нас, епидемијата постепено исчезнува“, е охрабрувачка порака од Раул, кој го поткрепи тоа со податокот дека во неговата Медитеранска инфективна клиника во Марсеј, во екот на епидемијата, имало 368 нови случаи за еден ден, а денес има од 60 до 80.
Тој го опиша ова како значително намалување на откриените случаи, а уште позначаен податок го наведе бројот на луѓе кои доаѓаат на тестирање, а претставуваат асимптоматични случаи.
Д-р Раул ја спореди оваа здравствена криза со некои од претходните епидемии во Франција, истакнувајќи дека поголема смртност имало во 1997, 2000, 2009 година, а особено во 2017 година.
Тој рече дека со епидемијата треба да се управува што е можно попрофесионално, без страв и загриженост, при дијагностицирање, изолирање и лекување на пациенти, за да се избегне повеќе мртви отколку на друго место.
Тој, исто така, повторно го пофали неговиот хидроксихлорокин третман. Изјави дека досега неговата клиника извршила 76.768 тестови на 32.083 пациенти, 4.296 биле позитивни, а 2.628 биле лекувани со третманот што тој го препорачува и дека вкупно починале 10 пациенти, што е стапка на смртност од помалку од 0,5 проценти и го претстави како најспектакуларен резултат на светот.