Во хрватската општина Бибиње, недалеку од Задар, непознати сторители уништиле безжична интернет опрема, сметајќи дека станува збор за 5G мрежа.
Имено, во Бибиње се појавиле информации дека општината инсталирала опрема за 5G сигнал „во тајност и преку ноќ“. Општината ги негирала ваквите обвинувања.
„Тоа не е точно. Неверојатно е дека во вакви моменти некој ги шири ваквите дезинформации и лаги на јавноста“, се вели во соопштението на општината.
Од општината наведуваат дека е несоодветно да се фалат со опрема среде пандемијата што овозможува бесплатен пристап до Интернет на френквентните јавни места.
Инаку, станува збор за проект вреден 15.000 евра што општината го добила преку проект финансиран од Европската комисија.
Коментирајќи го овој случај, хрватскиот портал „24sata“ забележува дека теоријата на заговор е дека коронавирусот е „ослободен“ од тајна лабораторија со цел да се воведе 5G технологија на мала врата, што по се изгледа дошла и до Бибиње.