Во Италија, повеќе од половина од вкупниот број на вработени во индустријата и приватниот сектор или 55,7 проценти, продолжуваат да одат на работа, во екот на мерките против пандемијата со КОВИД-19, соопшти италијанскиот Национален институт за статистика (ИСТАТ).
Највисок процент на работници кои продолжиле да работат за време на повеќенеделната блокада во Италија се од Џенова (69,6 проценти), Рим (68,5 проценти) и Милано (67,1 процент), се вели во извештајот на ИСТАТ кој не опфаќа флексибилнен деловен концепт, т.н. „паметно работење“.
Во Италија се воспоставуваат општи мерки за карантин веќе неколку недели, а ќе започне и втората, преодна фаза кон излез на земјата од блокадата, како што е најавено на 4 мај, со цел постепено започнување на деловни активности без зголемување на бројот на заразени со вирусот, пренесува Танјуг.
Со 578 нови смртни случаи, Италија бележи благ пад на смртните случаи во однос на вторникот, кога се регистрирани 636, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.
Сепак, со вкупно 21.645 смртни случаи, Италија е сè уште е втора во светот во однос на жртвите, веднаш зад САД, наведува агенцијата, а пренесува Танјуг.
Бројот на починати е сè уште исклучително голем и во последните 11 дена претежно се движи помеѓу 525 и 636, освен за Велигден, кога биле пријавени 431 жртви.