Која е тајната на успехот: Овие четири земји најдобро се справија со коронавирусот

од Nikola Popovski
171 прегледи

Додека некои земји имаат десетици и стотици илјади заразени, во други овој број се мери во стотици, а имаат и многу малку жртви во однос на глобалната состојба …

За разлика од многу земји, кои одговорија на епидемијата на коронавирусот, така што го негираа го проблемот, а потоа и неподготвеноста што доведе до широки забрани, четири земји – Тајван, Јужна Кореја, Исланд и Германија – имаат правилен пристап, се вели во анализата објавена од Си-Ен-Ен.

Поради блискоста со Кина, епидемијата во Тајван можеше да биде вистинска катастрофа. Сепак, досега се регистрирани вкупно нешто повеќе од 390 случаи на инфекција и шестмина починати, што е постигнато без воведување строги ограничувања.

Јужна Кореја го регистрираше својот прв случај на КОВИД-19 околу исто време како САД и Велика Британија, до кои епидемијата пристигна подоцна, а причината е во агресивното масовно тестирање и изолацијата и следењето на контактите, со користење на технологија.

Освен тоа, и Тајван и Јужна Кореја ги научиле лекциите што ги предизвикаа појавите на САРС или МЕРС во минатото.

Достапноста на тестови за КОВИД-19 беше една од придобивките на Исланд, каде секој што сакаше може да се тестира, па поради тоа надлежните тврдат дека резултирало со мал број заразени и мртви.

Поради брзата реакција кон епидемијата, мерките за социјална оддалеченост и карантинот не се особено ригорозни.

Тестирањето, изолацијата на заразените лица и следењето нанивните контакти со користење на современи технологии се извршени многу агресивно, а  во дијагнозата учествувале и приватните лаборатории, во рамките на јавното-приватно партнерство.

Случајот со Германија е малку поинаков, бидејќи со повеќе од 132.000 заразени, оваа земја не успеа да го спречи ширењето на инфекцијата во многу поголема мерка отколку што имаат направено другите земји, но успеа да го задржи бројот на починати под контрола, така што нивниот број е само четири на 100,000 жители, што е значително помалку од 18 или 35, колку што е на 100 000 илјади жители забележано во Велика Британија и Италија.

Ваквиот успех во голема мерка може да се припише на мерките за масовно тестирање, во кои беше вклучен и приватниот сектор, но многу важна улога одигра и добрата опрема на германскиот здравствен систем, истакнува Си-Ен-Ен.