Британскиот министер за надворешни работи: Кина ќе мора да го објасни почетокот и потеклото на коронавирусот

од Nikola Popovski
276 прегледи

Британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб, изјавил дека Кина ќе мора да одговори на некои тешки прашања за почетокот на новата пандемија на коронавирус.

Раб вели дека светот ќе мора да открие што се случило во Кина во раните денови на пандемијата.

Говорејќи во име на британскиот премиер Борис Џонсон, кој се опоравува од седумдневниот болнички третман за Ковид 19, Раб одговорил дека ревизијата на сите аспекти на пандемијата, вклучително и неговото потекло, ќе треба да биде базирана на наука и изведена на „еднаков начин“.

Шефот на британската дипломатија ја пофали Кина за соработката при враќањето во татковината на британските државјани заглавени во Вухан и за снабдувањето на медицинска опрема во борбата против коронавирусот.

Американската новинска агенција „Асошиејтед прес“ вчера објави дека документи во кои се вели дека највисоките кинески претставници не ја алармирале јавноста шест дена откако утврдиле дека најверојатно ќе се соочат со нова пандемија на коронавирус.