Италијански виролог откри каде погрешиле: Оваа светска институција им дала погрешни информации

од Aleksandar Petrovski
172 прегледи

Италијанскиот виролог Андреа Крисанти денес процени дека требало да се направи целосно затворање на почетокот на епидемијата на коронавирусот.

Посочи и на фактот дека пациентите без симптоми се подеднакво заразни.

Тој рече дека Светската здравствена организација првично им давала на лекарите целосно погрешни индикации, па затоа вниманието било насочено само на лицата со симптоми и на оние со сериозни респираторни проблеми, на луѓе кои имале контакт со Кина или на болни луѓе.

„Тоа нè забави многу, не знаевме дека има и пациенти без симптоми, ако го знаевме тоа, ќе се однесувавме поинаку“, додаде Крисанти, пренесува РТС.

Оцени дека Италија не е подготвена да ги укине рестриктивните мерки затоа што не е направено проценка на ризик и недостасува најважниот елемент, а тоа е бројот на луѓе кои се заразени.

Она што е погрешно направено, рече тој, било миксот на бирократија, политика, конфузија во управувањето со епидемијата.

Крисанти верува дека најголемите проблеми ќе опстојуваат сè додека различни земји спроведат различни мерки.

„Секој води своја политика, имено една земја повикува на природна борба против вирусот, другата има послаби мерки, третата посилни … Се додека е така, ќе имаме големи проблеми и многу големи последици во иднина. Секоја земја донесе одлука сама за себе и тоа ќе има свои последици. Што се однесува до Италија, таа ја достигна епидемијата на 27 март и ако за една недела не видиме намалување на бројот на починати, тогаш ќе мора многу да се загрижиме “, заклучил Крисанти.