КОРОНА: Полициски час за Балканците, Европјаните само со препораки и мерки

од Берта Китинска
548 прегледи

Државата се наоѓа на средина од 85-часовниот карантин и додека властите ефектите од ваквите рестриктивни мерки против ширењето на корона вирусот ги очекуваат на почетокот на мај, бројот на заразени во државата во изминатите 24 часа се зголеми за 53, достигнувајќи 1.170 заболени.

Забраната и посебниот режим на движење на територијата на државата ќе трае до 21 април 2020 година (вторник) до 05:00 часот, а Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите околу верските храмови за време на Велигденските празници.

И во Србија поради велинденските празници воведен е најдолгиот полициски час од 84 часа. Пред неколку дена претседателот на Србија, Александар Вучиќ сподели убави вести за жителите на Србија, соопштувајќи дека е почнато производството на лекот хлорокин, кој се користи за лекување на коронавирусот.

Во Црна Гора е воведен полициски час од понеделник до петок од 19 до 5 часот следниот ден, во сабота од 13 до 5 часот следниот ден, а во недела од 11 до 5 часот наутро следниот ден.

Во Хрватска одлучија за уште 15 дена ги продолжуваат мерките во земјата со цел спречување на ширењето на коронавирусот. Власите во Хрватска велат дека сепак разгледуваат начини за олеснување на ограничувањата на движењето.

Пред еден месец Загреб ги затвори продавниците, баровите, рестораните, училиштата и јавниот превоз. Само продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи останаа отворени.

Министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ рече дека ограничувањата на земјата ќе продолжат до 4 мај. Тој рече дека владата размислува за мерки за заживување на економијата додека ги чува луѓето безбедни.

Во Албанија полицискиот час преку неделата трае од 17:30 часот 5:00 часот наутро следниот ден. А, за време на викендите од петок од 17:30 часот до понеделник во 5:00 часот. За да го контролира карантинот Албанија ќе употреби  беспилотни летала кои претходно ловеа полиња за канабис и возачи кои ја надминуваат брзината.Во Албанија има 518 потврдени случаи со 26 смртни случаи, при што само мал дел од 2,8 милиони жители биле фатени додека ги кршат правилата.

Во Косово граѓаните можат да го користат своето време за набавки, од 7 до 22.30 часот, се определува според претпоследната бројка од нивниот матичен број во личната карта.Во Бугарија, полициски час има само во одредени региони.

Во Словенија, нема рестриктивни мерки за движењето на граѓаните.Генералната оценка на властите е дека Словенците се дисциплинирани и ги почитуваат препораките за ограничување на движењето, така што потребна од дополнителни забрани, засега нема. Предлогот на армијата да и се дадат полициски овластувања исто така е ставен во мирување.

Владата во Германија усвои нови мерки: Училиштата започнуваат со работа од 4 мај. Исто така, власта одлучи дека голем број настани со масовно јавно собирање како дискотеки и публика на спортски натпревари ќе бидат забранети до 31 август како и дека маските не се неопходни, но дека тоа е само препорака а не и обврска да се носат во јавност или кога се оди во продавница на пазарење. Големите дуќани кои имаат површина преку 800 метри квадратни започнуваат да работат од понеделник, а рестрикциите во врска со меѓучовечки контакти ќе остане на сила до 3 мај.

Во Германија, уште 2.458 лица се заразени со коронавирусот, со што вкупниот број достигна 139.897 лица, соопшти Институтот Роберт Кох.Најновите податоци покажуваат дека бројот на заразени лица се намалува, по четиридневен континуиран раст.

Владата на Италија го продолжи рокот на рестриктивните мерки против ширењето на коронавирусот до 3 мај, иако некои продавници ги отворија своите врати уште од 14 април.

Шведска  се потпира на самоодговорноста на граѓаните, политичарите и здравствените власти сѐ уште се надеваат дека ќе го запрат ширењето на коронавирусот без да се воведуваат драстични ограничувања. Повеќе постојат насоки, отколку стриктни правила, а фокусот е ставен на стари лица да седат дома, редовно миење раце, работа од дома и на избегнување несуштински патувања.Во Шведска досега има речиси 3.500 случаи на коронавирус и 105 починати.

Излечени повеќе од 600.000 луѓе

Повеќе од 600.000 луѓе се излечени од коронавирусот во светот, покажуваат податоците на сајтот „Worldometers“.Во светот до овој момент заразени се 2.333.879 лица, а починаа 160.818.Најмногу заразени има во САД, каде 738.923 се заразени, а починаа 39.015.

Во Европа која е најпогодена од пандемијата, најголем број на заразени има во Шпанија, 194.416, а умрени 20.639.Италија бележи најголем број на смртни случаи на стариот континент, дури 23.227, а 175.924 луѓе се заразени.Потоа следат Франција со 151.793 заразени и 19.323 жртви, Германија со 143.724 заразени и 4.538.Кина, од каде што се појави самиот вирус, до овој момент има 82.735 заразени и 4.632 мртви.

Слични содржини