Францускиот виролог, добитник на Нобеловата награда за физиологија и медицина во 2008 година за изолација на ХИВ вирусот, Лук Монтање изјави дека вирусот Короид-19 не е од природно потекло и е направен во лабораторија.
„Дојдовме до заклучок дека е дојдено до манипулација со овој вирус“, рече Монтање во интервју за телевизијата „Си њуз“.
Тој истакна дека „честичките на вирусот ХИВ се додадени во Ковид-19“.
„Вирусот не е од природно потекло, тоа е дело на молекуларни биолози. Не е познато за која цел е направено ова. Мојата работа е утврдување на фактите, јас не обвинувам никого и не знам кој го стори тоа или зошто. Може да биде дека тие сакаа да произведат вакцина против ХИВ “, изјавил добитникот на Нобеловата награда.
Во интервју за порталот „Pourquoi docteur“, тој изјавил дека „вирусот излезе од лабораторија од Вухан“.