На Европската унија после Брегзит, може да и се случи Италегзит. Истражувањата покажуваат дека поголем број Италијанци сакаат да ја напуштаат ЕУ и Еврозоната. Во моментов, околу 40 проценти од италијанските граѓани сметаат дека земјата треба да ја напушти ЕУ, додека повеќе од 70 проценти проценуваат дека кризата со коронавирусот ќе предизвика распад на ЕУ.
ЕУ споро дејствување во помагањето од почетокот на кризата со коронавирусот во Италија, земја која е најтешко погодена од пандемијата во Европа, чиј здравствен систем е на работ на колапс заради нагло зголемување на бројот на пациенти, додека медицински опрема и експерти се испратени од Кина и Русија, пренесува Танјуг.
Анкетите за мислењата покажуваат дека има пораст на евроскептицизмот во Италија, поради што италијанските медиуми се прашуваат дали е можен Италегит по Брегзит.
Според анкетата на организацијата „Пипели“ спроведена за Раи на 9 и 10 април, 71 процент од Италијанците сметаат дека ЕУ би можела да се распадне поради коронарвирусот.
Во исто време, според анкетата спроведена од „Текне“ за италијанската агенција „Дире“, во минатиот петиод има пад во довербата на Италијанците во европските институции, а сега повеќе од 40 проценти од испитаниците веруваат дека Италија треба да се повлече од Унијата, додека тој став пред две години, сочинуваше 26 проценти.
Анкетата покажала дека 12 проценти од луѓето би можеле да се премислат „само доколку ЕУ направи нешто конкретно“ во врска со корона-кризата.
Кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот посочи на длабоки поделби во Унијата, бидејќи Италија и Шпанија ги обвинуваат северните држави дека не се доволно солидарни.
Министрите за финансии на државите на ЕУ постигнаа договор на 9 април за пакетот помош од 500 милијарди евра за европските земји погодена од пандемијата. Сепак, тие не го прифатија барањето на Италија и Франција за таканаречената „корона-обврзница“.