Професори од универзитетот Џеџанг во Кина пронашле мутиран вид на коронавирусот кај мал дел од пациентите.
Никој сè уште не ги регистрирал ваквите мутации, тврди професорката Ли Ланјуан во својата работа, а промените се многу ретки, пренесува „South China Morning Post“.
Во својата студија, Ли Ланјуан анализирала различни видови на коронавирус и докажала дека некои мутации го направиле вирусот посмртоносен отколку што било првично. Поточно, анализирала 11 пациенти, избрани по случаен избор. Таа им зела како примерок и потоа ги тестирала. Целта на тестот била да се покаже колку штета одреден вид на коронавирус може да му нанесе на човечкото тело.
Најлоши мутации биле пронајдени кај пациенти ширум Европа, при што САД преземаат малку поблага форма на мутиран вид на вирусот. Сепак, друга студија открила дека вирусот во САД потекнува од Европа, а судејќи според бројот на заразени и мртви, тој може да биде поопасен вид.
Иако е логично, послабиот вид на вирусот, за жал, не значи помал ризик.
Според студијата на Ли Ланјуан, двајца пациенти на возраст од 30 и 50 години биле сериозно болни, додека тестот покажал дека тие се заразиле со послаб вид на вирус. И двајцата пациенти преживеале. Сепак, постариот пациент морашл да биде во единицата за интензивна нега некое време.
„Развојот на лекови и вакцини е итен, но тие треба да бидат во согласност со мутациите“, изјави Ли Ланјуан.