Путин за коронавирусот во Русија: Јас му верувам на Господ

од Nikola Popovski
188 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин повика денес да се зголеми капацитетот на болниците со повеќе кревети за прием на пациенти со коронавирус, дури ако можеби и не би им биле потребни, за што рече дека се надева.

„Ние разбираме дека (дополнителните кревети и опрема) може да не бидат потребни. Јас му верувам на Господ, но ние мора да го имаме сето тоа“, рече Путин на онлајн состанокот со гувернерот на областа Приморската во Далечниот исток на Русија, пренесе ТАСС.

Тој рече дека се надева оти регионалните власти ќе можат да ги спроведат сите свои планови за борба против вирусот.

„Со тоа повеќе ќе покажете добри резултати“, истакна Путин, додавајќи дека тие треба да продолжат со веќе започнатото.