Охрабрувачки вести од Италија: Конечно има повеќе респиратори отколку пациенти на кои им се потребни

од Nikola Popovski
187 прегледи

Италијанскиот специјален комесар за вонредни ситуации, Доменико Аркури, рече дека за првпат од почетокот на пандемијата, Италија има повеќе респиратори отколку пациенти во одделенијата за интензивна нега.

„Тоа ни дава сила да одиме напред“, изјави Аркури пред новинарите.

Во Италија околу 2.500 пациенти се наоѓаат на интензивна нега поради инфекција со коронавирус.

Аркури порано изјавуваше дека треба самите да одлучат кој ќе добие респиратор, бидејќи немале доволно од нив за секој на кој му бил потребен.

„Тоа ќе го паметам целиот мој живот и не сакам никој да ја доживее оваа дилема“, рече тој. Бројот на пациенти на интензивна нега се намалува во Италија веќе неколку дена.

Во Европа, најголема стапка на смртност од коронавирусот има во Италија – повеќе од 24.000. Во Италија, во првите недели од пандемијата, болниците имаа проблем со капацитетот поради големиот број на новозаразени, особено во северниот дел од земјата, каде што има најмногу позитивни случаи.