Веројатноста за појава на компликации од коронавирусот во телото на пушачот е 14 пати поголема од онаа кај непушачите, објави списанието „Медикал експрес“, повикувајќи се на Здружението за торакална хирургија.
Истражувачите користеле податоци од кинески научници, кои анализирале информации за скоро 80 пациенти со коронавирус.
Забележано била дека многу пушачи кои страдаат од КОВИД-19 се приклучени на апарати за вештачко дишење, од кои некои не можеле да се спасат.
„Бидејќи коронавирусот првенствено ги напаѓа белите дробови, се што може да им наштети на белите дробови може да ги ослабне пациентите и да предизвика потешки последици доколку луѓето се заразат. Пушењето е познато дека предизвикува посериозни ефекти кај луѓето кои имаат пневмонија или грип и така откривме дека пушачите се изложени на многу поголем ризик од заразување со вирусот“, објасни торакалниот хирург Метју Стелига.
Стелига наведува дека пушењето ги згуснува мукозните мембрани на дишните патишта, со што е потешко да се избркаат вдишените габи, бактерии и вируси при издишување.
„Пушачите имаат поголема веројатност да заболат од респираторни инфекции, а кога некој ќе се разболи, тогаш тој потешко се опоравува“, рече тој.
Стелига додава дека електронските цигари исто така го зголемуваат ризикот од компликации, бидејќи ги потиснуваат имунитетните функции на организмот.