Се огласија од Кремљ: Дали коронавирусот е вештачки или природен?

од Nikola Popovski
200 прегледи

Кремљ смета дека е неприфатливо да се објавуваат неосновани обвинувања дека некој е одговорен за вештачкото лансирање на вирусот „Ковид-19“, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

„Без научни докази и проверени информации да се пласираат неосновани обвинувања дека некој е одговорен е едноставно неприфатливо“, рече тој.

Според портпаролот на Кремљ, во моментов нема доволно докази за да се обвини некој дека е одговорен за појавата на коронавирусот.

„Секогаш слушаме некој експерт кој тврди дека вирусот е вештачка креација, а потоа уште двајца што велат дека не е така. Без соодветни докази, ниту еден од нив не е во право “, додаде тој.

Песков исто така изјавил дека сите медиуми што објавуваат за ова во денешните комплицирани периоди, едноставно го уништуваат сопствениот имиџ.

„Имаме негативен став кон лажни информации, без разлика дали станува збор за настани во Сирија или дали станува збор за коронавирусот“, истакна тој.

Песков додаде и дека сето тоа е „негативна практика“ што го уништува угледот на многу медиуми ширум светот.