Кинескиот град Харбин, во кој живеат 10 милиони луѓе, донесе драконски мерки за карантин против коронавирусот, откако таму била откриена нова епидемија.
Преземени се мерки за спречување на новата епидемија на вирусот, откако студент кој се вратил од Њујорк заразил повеќе од 70 лица, објави „Дејли Меил“.
Официјалните власти забраниле собири и им наредиле на локалните заедници внимателно да ги следат посетителите кои не живеат во градот, како и возилата.
Биле поставени контролни пунктови на аеродромот и железничките станици за да се проверат оние што пристигнуваат во градот.
Веста дојде во време кога Кина објави дека има само двајца пациенти во критична состојба во Вухан, поранешниот центар на пандемијата.
Харбин, главниот град на северо-источната кинеска провинција Хилунгџонг, сега се соочува со најголемата епидемија на коронавирус во земјата.
https://www.youtube.com/watch?v=QXzTIibApJU&feature=emb_title
Владата вчера издала директива со инструкции за натамошните ограничувања на жителите, посетителите и влезниот сообраќај.
Пред да влезат во какви било јавни објекти и станбени комплекси, на луѓето им било наложено да користат здравствена апликација за да докажат дека немаат коронавирус, нивната температура да биде измерена и задолжително да носат маска за лице.
Жителите на Харбин мора да ги почитуваат за социјална оддалеченост, а свадбите, погребите, јавните настапи и конференциите се забранети.
Сите потврдени, сомнителни, асимптоматски случаи и лицата кои биле во контакт со нив ќе бидат ставени во задолжителен карантин.