Мерките воведени во Москва поради пандемијата на коронавирус се поефикасни и повеќе адекватни отколку мерките во други земји, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјањин за телевизијата „Росија 24“.
„Мислам дека мерките што ги воведовме заради опасноста што ни се случу, се или поефикасни отколку во другите градови или поадекватни“, рече Собјањин.
Тој додаде дека во Москва се воспоставува оптимален режим на самоизолација, на кој се придржуваат повеќето граѓани од руската престолнина и дека нема потреба од заострување на мерките.
Според него, коронавирусот во Москва сè уште не го достигнал својот врв и се очекува борбата против КОВИД-19 да трае уште неколку недели, иако московските власти се подготвени за сите сценарија.
Тој посочил дека здравствените и медицинските системи, како и болничката мрежа, засега успешно се справува со сите предизвици.
Според најновите податоци, во Москва се регистрирани 33.940 случаи на инфекција со коронавирусот, 2.448 лица се излечиле, а 288 починале.