Тестирање на антитела во Њујорк: Смртноста од КОВИД-19 воопшто не е голема? (видео)

од Nikola Popovski
211 прегледи

Резултатите од масовното тестирање во Њујорк покажаа дека од 3.000 граѓани, околу 13,9 проценти закрепнале од коронавирусот, изјавил гувернерот Ендру Куомо на прес-конференција, пренесува „Russia Today“.

Додека гувернерот предупредува дека резултатите се прелиминарни и варираат од еден до друг округ, како и од државата, тој сепак успеал да го промени гледиштетот за вирусот како „смртна казна за Њујорк“.

Поточно, новите бројки покажуваат дека ако се земе во предвид колку луѓе го „прележале вирусот на нозе“, стапката на смртност во таа сојузна држава е околу 0,5 проценти, што е значително помалку отколку што се верувало порано.

Тестирањето на антитела било спроведено во продавници на 40 локации во 19 окрузи во Њујорк и не ги вклучувало пациентите кои се на домашно лекување и оние во болниците.

Резултатите се слични на оние што ги објавиле истражувачите во Санта Клара, Калифорнија и Масачусетс, кои откриле широко распространета асимптоматска и лесна инфекција, особено кај популацијата која смета дека не е погодена од коронавирусот.

Њујорк е епицентар на епдемијата во САД и најпогоден по бројот на заразени со оглед на големата густина на населеност.

Меѓутоа, дури и во градот во кој 21,2 отсто од населението е позитивно на антитела од ковид-19 (1,77 милиони луѓе), има 15.000 жртви, па се добива просечна смртност од 0,8 проценти.