Германија започна постепено да ги укинува мерките за изолација, воведени пред неколку недели за да го спречи ширењето на коронавирусот, во обид да ја зајакне својата економија.
Ова е причината зошто оваа земја, која смета дека епидемијата е „под контрола“, се соочува со голем предизвик, откако на неа се гледа како на парадигма за потиснување на епидемијата и за евидентирање на ниската стапка на смртност.
Иман, германска инженерка со палестинско потекло, возејќи во метрото со маска за лице, изјавила дека е среќна што почнала да работи во главниот град Берлин.
Таа претходно работела од дома, откако германската влада воведе рестриктивни мерки за да спречи ширење на инфекцијата.
За „Ал Џезира“, таа додала дека во Германија, од појавата на пандемијата, најчесто зборови се „работа од дома“, но дека извршувањето на работата од канцеларија е со многу подобар квалитет.
Таа посочува дека мерките за затвореност имаат големо влијание врз нејзиниот животен стил, бидејќи работењето од дома и онлајн-учењето предизвикува значителни пречки во домот и дека е потребно долго време да се навикне на новиот животен стил.
Сепак, таа изразила загриженост дека може да се појави нов бран на вирусот во Германија, особено околу одлуката за отворање на училиштата на 4 мај.
Плодовите на мерките
Захи Алави, уредник на програмата за радио станицата „Арабика“ во Берлин, смета дека мерките преземени од германската влада се покажале ефикасни во борбата против ширењето на вирусот, особено социјалното дистанцирање и затворањето на бројните трговски, сервисни и образовни институции.
Германија дала одличен пример преку мерките на својата влада и самодисциплината на огромното мнозинство граѓани, што во голема мерка придонесе за запирање на ширењето на епидемијата и ставање под нејзина контрола во земјата.
Ова е токму причината зошто Германија се упати кон „паметно отворање“, изјави Алави за Ал Џезира.
Овој германски експерт за политика додава дека владините мерки за олеснување на забраните и отварањето на продавниците кои не се поголеми повеќе од 800 метри квадратни, потоа отварањето на училиштата и извршувањето на верските служби, на 4 мај, се засноваат на бројки и статистика, кои го потврдиле намалувањето на ширењето на коронавирусот.
Алави објаснува дека овие германски мерки подразбираат обврска за социјално растојание, ограничување на бројот на купувачи во продавницата, придржување кон мерките за растојание помеѓу лицата и заштитни темаски, чие носење ќе биде задолжително во некои сојузни републики при купување и користење јавен превоз.
Мерки за изолација и нивно ублажување
Воведувањето специфични мерки за борбата против коронавирусотз во Сојузна Република Германија варира од земја до земја.
Претседателот на секоја сојузна држава може да одлучи кои мерки се сметаат за соодветни, што ја објаснува разликата помеѓу нивото на отвореност и затвореност во борбата против пандемијата, според уредникот на радио-станицата „Арабика“ во Берлин.
Многу германски држави вовеле обврска за носење заштитни маски во јавниот превоз, вклучително и државата Берлин, каде одлуката ќе стапи на сила од следниот понеделник.
Државите Баден-Вуртберг, Шлезвиг-Холштајн и Хамбург решиле да спроведат слични одлуки од вторник.
Одлуката за носење маски веќе стапи на сила во државите Сакс и Мекленбург-Ворпомерн, додека други држави подоцна ќе им се придружат, па носењето маска ќе биде задолжително за сите низ целата германска територија кога ќе одат во продавници и при користење на јавниот превоз.
Потребна е претпазливост
Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика своите сограѓани да бидат претпазливи во напорите во борба против коронавирусот и покрај намалувањето на бројот на заразени лица.
Таа посочува дека нема потреба да размислуваме дека опасноста поминала, затоа што “ќе биде многу незгодно ако се враќаме назад, Ние сме сè уште на почетокот и далеку од надминување на најлошото”.
Канцеларката смета дека строгите мерки, преземени од нејзината влада, постигнале многу, намалувајќи ја стапката на заболување на помалку од еден процент, а бројот на излечени се зголемува во однос на бројот на заразени во некои денови.
Според податоците објавени од германскиот весник „Дер Шпигел“ за среда, пријавени се 224 смртни случаи.
Ал Џезира