
Лидерите на ЕУ направија големи чекори кон прифатлив економски одговор на кризата поради ширењето на коронавирусот, рече италијанскиот премиер Џузепе Конте.
Тој по видео конференцијата на лидерите на ЕУ на Фејсбук напиша дека фондот за наплата, формиран од Европската комисија, мора да биде доволно голем за да им овозможи на земјите што се изложени на ризик од пандемија да ја заштитат својата „социјална и економска структура“.
„Направивме голем напредок, што беше незамисливо до пред неколку недели“, рече Конте.
Лидерите на ЕУ денес се согласија дека мора да работат заедно за формирање фонд за да се опоравување од пандемијата од коронавирусот. Ова претходно го потврдија германската канцеларка Ангела Меркел и холандскиот премиер Марк Руте.