Италија одобри пакет стимули од 55 милијарди евра за борба против коронавирусот

од Vladimir Zorba

Италијанската влада во средата одобри пакет стимули од 55 милијарди евра за економијата и семејствата кои треба да помогнат во надминување на кризата поради коронавирусот, рече во средата премиерот Џузепе Конте.

Конте ги објави мерките минатиот месец, но постојаните несогласувања во рамките на коалицијата околу различните аспекти на пакетот од 500 страници го забавија процесот.

„Работевме на оваа одлука знаејќи дека земјата се наоѓа во големи тешкотии“, рече Конте по состанокот на владата.

„Таа ги обезбедува предусловите за веќе оваа фаза на отворање да може да понуди веројатност за економско и социјално закрепнување“.

Рим предвидува економски пад од најмалку 8 проценти оваа година, како резултат на пандемијата „КОВИД-19“, во која досега загинаа 31.106 лица во Италија, најголем број во светот по САД и Велика Британија.

Слични содржини