Конте: Преговорите се тешки, Холандија ја уценува ЕУ

од Vladimir Zorba

Видно уморен по двата полни дневни преговори во Брисел, италијанскиот премиер Џузепе Конте синоќа во своето обраќање на својата страница на Фејсбук призна дека „преговорите за помош на земјите погодени од пандемијата Ковид-19 се потешки од неговите предвидувања, дека некои европски земји не ја разбрале сериозноста на ситуацијата“. и дека некои земји, предводени од Холандија, ја уценуваат ЕУ.

Дома, некои аналитичари предвидуваат дека неуспехот на преговорите за Италија би можел да значи крај на владата на премиерот Конте.

Како што се очекуваше, лидерот на десничарската партија Лига, Матео Салвини, на митингот во Галиполи тврди „дека се „шегуваат“ со Конте во Брисел и дека Италија нема да добие ниту една лира од Европа и оти Италијанците мора да се потпираат на себе и на своите заштеди“.

„Кориере дела Сера“ пишува дека Џузепе Конте, во полемика со холандскиот премиер, меѓу другото рекол: „Те разбирам, секој го има својот Салвини“, алудирајќи на ултрадесничарскиот холандски политичар Герт Вилдерс, кој бара на Италија да не и се даде ниту цент..

Поранешниот италијански премиер Енрико Лета изјави дека не е во ред помошта да е помалку од предвиденото и употребата на одобрена помош да ја следи ветото на одделни земји од ЕУ и дека „не е прифатливо за една земја што сочинува седум проценти од населението на ЕУ да го поткопа целиот договор“.

Според него, наместо да разговара за „случајот со Италија“, ЕУ треба да ги сврти работите и да праша колку Холандија навистина сака да биде дел од Европа.

Енрико Лета вели дека позицијата на Холандија го потсетува на некогашното однесување на Англија.

„Ако договорот не и одговара на Холандија, тогаш треба да остане надвор, како порано Англија и да им овозможи на другите да напредуваат“, предложи поранешниот италијански премиер.

Исто така, поранешниот премиер Марио Монти, запамтен по непопуларните мерки на штедење (меѓу другото, зголемување на годините потребни за пензија) го оспорува барањето на Холандија за вето во контролата на фондовите одобрени од ЕУ како помош, но тврди дека не е сè лошо и дека „чашата е половина полна“.

„Мерките преземени од ЕУ се важни и беа незамисливи пред само една година“, тврди Марио Монти.

Слични содржини