Постојат сè поголеми докази дека корона пандемијата повлекува друга пандемија – отпорност на антибиотици.
Иако вирусот корона е нова болест, податоците во некои области покажуваат дека дури 90 проценти од пациентите се лекуваат со антибиотици. Ова се податоци од болниците кои не ги земаат во предвид случаите на лична употреба на антибиотици.

Отпорноста на антибиотици е веќе алармантна – и предизвикува скоро 700.000 смртни случаи годишно во светот. Да работите бидат полоши, ако се влоши отпорноста на антибиотици, нема да има лекови кои ќе помогнат, бидејќи многу производители на антибиотици банкротираа и сега сите бркаат вакцина против корона.
Бројни истражувачи и се обратија на јавноста во последните месеци, предупредувајќи на проблемот. „Внимателното користење на антибиотици е исто толку важно како и носењето заштитна опрема“, вели Адам Робертс, микробиолог.
Бактериска пневмонија е чест придружник на вирусни инфекции. Повеќето од смртните случаи од шпанскиот грип не ги убил грипот, туку од бактериската инфекција што го нападнала ослабениот организам.
Кога грипот Х1Н1 нападна во 2009 година, проценките беа дека оставил скоро 19.000 жртви во САД. Ако се земат предвид бактериски инфекции како резултат на грип, тој број оди до скоро 290.000.
Според првите податоци од Вухан, само 15 проценти од пациентите со корона добиле бактериска инфекција, од кои половина починале. Лекарите им даваат антибиотици на пациенти со корона превентивно за да спречат инфекција. Во нормално време, антибиотик се дава само откако ќе се потврди присуството на бактеријата во лабораторија.
Покрај хидроксихлокин, антибиотикот азитромицин се појави како лек за корона, па производителите во САД пријавија недостиг на снабдување со лекот.
Состојбата е дополнително влошена со недостаток на нови антибиотици и многуте што со години на кои се работи се оддалечени од добивање одобрување.
Ова е токму најголемиот предизвик, да им се овозможи на развојните фирми да преживеат додека не се пушти лекот на пазарот. Само во САД, две најголеми компании на кои им е одобрен лекот морале да поднесат барање за банкрот.