Ројтерс: Кина не сака меѓународна истрага, бара да се запре извештајот на ЕУ за коронавирусот

од Nikola Popovski
90 прегледи

Кина ќе се обиде да го блокира извештајот на ЕУ во кој се тврди дека официјален Пекинг ширел дезинформации за појавата на новиот коронавирус, дознава Ројтерс од независни извори.

Со некои прилагодувања, европскиот извештај, кој требаше да биде објавен на 21 април, бил објавен вчера, така што меѓународните односи нема да бидат дополнително деградирани за време на пандемијата, соопшти агенцијата.

Ниту кинеската дипломатска мисија во ЕУ, ниту Министерството за надворешни работи во Пекинг веднаш не го коментираа извештајот, но висок кинески службеник ја контактирал мисијата на ЕУ во Пекинг и предупредил дека „доколку се објави извештајот“, тоа лошо ќе влијае на соработката и дека би ја „многу налутиле“ кинеската страна.

На првата страница од внатрешниот извештај, дистрибуирана до владите на државите членки на ЕУ, се вели дека „… Кина продолжува да спроведува глобална кампања за дезинформации за да избегне одговорност за ширењето на коронавирусот и подобрување на својот меѓународен имиџ“, соопшти Ројтерс.