Италијански пратеник беснееше во Парламентот: Се е лага! 96 отсто од луѓето не умреле од корона (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
367 прегледи

Италија е една од најтешко погодените земји во Европа кога станува збор за пандемијата на коронавирус.

Бројот на мртви надмина 26.000, а скоро 200.000 се заразени.

Секој ден слушаме вести за бројот на жртви, недостаток на респиратори, пренатрупани болници, а италијанскиот пратеник Виторио Сгарби е еден од многумината кои не веруваат во официјалните бројки.

Се создава соодветна основа за манипулација со податоците и за теории на заговор.

Еден дел од докторите сè уште сметаат дека коронавирусот не е поопасен од грипот и дека стапката на морталитет е исто така под влијание на агресивниот третман со силни коктели со лекови, како и со масовно ставање на респиратори.

Со своите изјави, Сгарби предизвика голема бура во парламентот. Тој рече дека информациите за жртвите се кријат од јавноста. Според него, 96 проценти од смртните случаи од короната воопшто не умреле од вирусот, туку од смртоносните болести што ги имале порано, и дека сето тоа било фалсификувано.

Тој исто така откри дека бројката од 25.000 мртви од короната во Италија е фалсификувана и претставува оркестрирана измама.

„Да ја кажеме вистината, лажните бројки ги тероризираат Италијанците. 25.000 луѓе умреле од срцев удар или карцином, па ајде да не ги искористиме за понижување на Италија, да им дадеме на граѓаните лажни вести. Ова е начин да се тероризира Италија и да се воспостави диктатура на согласност”. , изјави тој.

https://www.youtube.com/watch?v=jAZ8CmiTzU8&feature=emb_title