Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, изјави денеска дека успешно е стопирано ширењето на вирусот Ковид-19 во земјата, односно дека вирусот „во моментов е елиминиран“.
Таа го изјави ова откако не се регистрирани нови случаи во таа земја. Сепак, експертите предупредуваат дека тоа не значи целосен крај на болеста, пренесува BBC.

Веста дојде неколку часа пред земјата да го укине највисокото ниво на социјални ограничувања.
Почнувајќи од вторник, некои несуштински бизниси повторно ќе започнат со работа, а здравствените и образовните активности ќе продолжат, иако од луѓето сè уште ќе се бара да останат дома цело време и да избегнуваат социјални контакти.
Во Нов Зеланд досега се потврдени 1.500 случаи на заболувања и 19 смртни случаи.
– Ја стартуваме економијата, но не го отвораме социјалниот живот. Ја добивме битката, но мора да останеме внимателни “, рече премиерката.
Таа објасни дека неодамнешните броеви покажуваат дека Нов Зеланд ја постигнал својата цел и го елиминирал вирусот корона, сепак, тоа не значи дека нема да има нови случаи, туку дека нивниот број ќе биде мал и лесно ќе се контролира.
Ардерн изјави дека Нов Зеланд ќе имал повеќе од 1.000 новозаразени секој ден, ако на време не вовеле ограничувања.
Ограничувањата предвидуваат собирање во мали групи, односно со семејството и пријателите, со почитување на оддалеченост од два метра, сепак се забранети масовни собири и затворени се трговските центри, како и училишта и граници.