Мајте Бенаси, резервистка во американската војска, која е обвинета од теоретичарите на заговор за „носење“ на коронавирусот во Кина, вели дека била жртва на „сајбер-малтретирање“.
Лажни тврдења секојдневно се објавуваат на Јутјуб, иако таа никогаш не била позитивна на коронавирусот, ниту пак имала никакви симптоми. Мајте Бенаси била мета на теоретичарите на заговор во март, неколку месеци откако бил регистриран првиот случај на новиот коронавирус во Кина.
Теоријата вели таа „го донела“ вирусот во Кина, затоа што учествувача на Светските воени игри во Вухан минатиот октомври.
Бенаси учествувала во трката со велосипеди, за време на која доживеала несреќа и завршила со скршено ребро и потрес на мозокот. Иако стотици спортисти од американската војска учествувале во игрите, тоа беше Мајте Бенаси била избран за централна фигура во теоријата на заговор. Овие обвинувања го превртиле нејзиниот живот и животот на нејзиниот сопруг Мет. Тие велат дека нивната домашна адреса е објавена на Интернет, а нивните профили на социјалните мрежи биле преплавени со пораки од оние кои веруваат во теориитњ на заговор, пред да ги деактивираат.
Maatje Benassi, a US Army reservist and mother of two, has become the target of conspiracy theorists who falsely place her at the beginning of the coronavirus pandemic, saying she brought the disease to China. https://t.co/S0rLzKYX0P pic.twitter.com/lIowx0HRc2
— CNN (@CNN) April 27, 2020
„Тоа е како да се разбудите од лош сон и со денови да поминувате низ кошмари“, вели Бенаси, а пренесува Танјуг.
Иако социјалните мрежи презедоа чекори против ширење дезинформации за вирусот на нивните платформи, тоа не му помогна многу на парот Бенаси. Тие се обидоа да ја отстранат таквата содржина од YouTube и спречија ширење, но адвокатите и полицијата им рекле дека малку може да се стори во врска со тоа.
„Сакам луѓето да престанат да ме вознемируваат. Тоа е сајбер-малтретирање и е надвор од контрола “, вели Мајте Бенаси.