Дали Шведска постави пример во справувањето со коронавирусот: Норвешки епидемиолог ја споредува ситуацијата – „Да постапевме како нив ќе имавме подобри резултати“

од Nikola Popovski
110 прегледи

Еден од најистакнатите норвешки епидемиолози Еилив Лунд, професор на Универзитетот во Тромзо, ја коментира состојбата со коронанавирусот во Норвешка и ја споредува со ситуацијата во Шведска.

Според неодамнешниот извештај, 1 процент од населението е заразено со вирусот во Норвешка, а Лунд истакнал дека тоа е „показател за слабост во норвешката стратегија“.

„Нашиот број е мал затоа што воведовме многу строг карантин. Ако го направивме тоа што го направија Швеѓаните, ќе имавме поголема стапка на инфекции, а со тоа и поголем имунитет“, рече Лунд.

https://twitter.com/coelhoosvaldo3/status/1253337003204042752?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1253337003204042752&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.srbijadanas.com%2Fvesti%2Fsvet%2Fnorveski-epidemiolog-otkrio-slabosti-strategije-svoje-zemlje-da-smo-se-ugledali-na-svedsku-imali-2020-04-27

„Владата имаше голема доверба во стратегијата на карантин. Но, сега пројдоа неколку недели, а стратегијата да делуваше навистина ќе имавме нула случаи“, рекол тој и додал: „Постои слабост во нашата стратегија. Се мислеше дека ако останевме во карантин доволно долго дека вирусот ќе исчезне, но тоа што е проблем е дека ние не можеме да спречиме тој да влезе од надвор. Тогаш мораме да чекаме на пронаоѓање на вакцина или лек. Само го одложивме проблемот кој неминовно повторно ќе се појави во иднината“, заклучува Лунд.