Италија: Објавен „тајниот“ документ во кој се објаснува зошто не е добро да се отворат училиштата и црквите

од Nikola Popovski
168 прегледи

Протече во јавноста „тајниот“ документ на Техничко-научниот комитет, кој на 22 април ја предупреди Владата на Италија за можните катастрофални последици од брзото ублажување на мерките за заштита од коронавирус. Одговорните експерти, предводени од професорот Силвио Брусаферо, го развија моделот заснован на високо заразениот вид на коронавирус што пристигна во Италија од Германија.

Според овој модел, отворањето на училиштата во оваа фаза би имало многу сериозни последици: би ја развило инфекцијата толку силно, така што потребата за интензивна нега ќе го надмине вкупниот број кревети за интензивна нега, кои се достапни во Италија. Треба да се напомене дека од почетокот на пандемијата, Италија повеќе од двојно го зголеми бројот на респираторни легла на интензивна нега, од околу 4.300 на 9.000, без кои многу пациенти не би преживеале (а многумина починаа и покрај тоа). Поточно, КОВИД-19 кај болните пациенти со лесна клиничка слика развива ненадејна пневмонија, а истовремено влијае на срцето.

Италијанскиот технички и научен комитет смета дека сите лица на возраст од 60 и повеќе години се автоматски изложени на ризик. Постојат исклучоци, се разбира, во двата правци, но статистиката на случаи досега кажува дека кај лица постари од 60 години,  ризикот од смрт е неколку пати поголем отколку кај лицата под 60 години. Секако, системските автоимуни болести, односно хроничните заболувања играат улога.  Освен дијабетесот, дебелината игра негативна улога, па оттука и концентрацијата на овие фактори кај лица над 60 години, но исто така игра улога и послабиот одбранбен капацитет на постариот организам, иако е здрав.

Тогаш, што има училиштето со тоа? Едноставно затоа што училишната популација не живее самостојно и изолирано, туку во заедница од две или повеќе генерации. Тие може да ја пренесат инфекцијата без да се покаже каков било симптом.

Училиштето не е исклучок. Едноставно, во оваа фаза, под секое сценарио на отворање, што вклучува групни контакти, инфективноста би го преминала епидемиолошкиот праг и со тоа ќе предизвика нов епидемиски бран. Ова ја објаснува забраната за собирање, па оттука и тренинзите на спортските тимови се забранети, па дури и црквите каде главно посетители не се само луѓето во третата деценија од животот.

Комитетот пресметал:

– доколку застапеноста на индивидуалните мерки за заштита ја намали стапката на пренесување на инфекција за 15%, сценариото за отворање на трговскиот сектор не предизвикува да се надмине прагот на епидемија само ако тоа би го спречило пренесувањето во заедницата на лица над 60 години.

– Доколку, пак, распространетоста на индивидуалните мерки за заштита ја намалува стапката на пренесување на инфекција за 25 проценти, сценариото за отворање на трговските и угостителските сектори не предизвикува да се премине епидемиолошкиот праг само ако е можно да се спречи преносливоста во заедницата над 65-годишна возраст.

Се смета дека е пожелно да се намали преносливоста за 20 проценти, но со употреба на безбедносни мерки (физичко растојание, маски, ракавици, миење и дезинфекција на рацете), со можност за набљудување на движењата (државата ќе понуди апликација за мобилен телефон деновиве што граѓаните ќе можат да ја преземаат доброволно, без државна принуда; 58 проценти изјавиле дека се подготвени да ја користат апликацијата), со зголемување на индивидуалната и колективната свест за пандемијата.