Станува се поизвесно дека коронавирусот ќе се враќа секоја година: Кинески научници објаснуваат која е причината

од Nikola Popovski
119 прегледи

Кинеските научници тврдат дека новиот коронавирус веројатно нема да биде искоренет и истиот може да ни се повторува како сезонскиот грип.

Малку е веројатно дека новиот вирус ќе исчезне како САРС пред 17 години, затоа што оваој вирус ги инфицира луѓето и без никакви симптоми. Оваа група на таканаречените асимптоматски преноси го отежнува целосното изолирање на преносот на истиот, и истите незабележано можат да го шират, рекла група медицински истражувачи од Пекинг.

Од САРС, инфицираните беа доста болни. Кога биле ставени во карантин, вирусот престанал да се шири. Наспроти тоа, во Кина сеуште има асимптоматски случаеви на коронавирус секој ден, иако епидемијата е ставена под контрола, пренесува Блумберг.

„Веројатно е дека ова ќе биде епидемија која што ќе потрае долго, која станува сезонска и се одржува во телата на луѓето“, рекол директорот по патогена биологија Јин Ки.

Минатата недела, Ентони Фаучи, директор на американскиот Национален институт за алергија и заразни болести, исто така, изјавил дека коронавирусот ќе стане сезонски. Во прилог на своето мислење, тој го наведе фактот дека вирусот се јавува и во јужната хемисфера, која влегува во зимската сезона.

Претходно, многумина мислеа дека вирусот ќе исчезне во текот на летото поради повисоките температури, но кинеските експерти велат дека нема докази дека тоа ќе се случи.

„Овој вирус е чувствителен на топлина, но кога е изложен на 56 степени Целзиусови во рок 30 минути може да исчезне, но сигурно нема да биде толку топло“, вели Ванг Гиџенг, раководител на одделот за инфективни болести во универзитетската болница во Пекинг.

„Значи на глобално ниво, дури и во лето, шансите овој вирус да нè напушти се многу мали“.