Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на денешната прес конферецнија најави дека на гласање граѓаните ќе се носта заштитни маски и ракавици.
Тој истакна дека кога ќе се спроведат парламентарните избори ќе се почитуваат сите протиколи за држење растојание и носење заштитна маска, а митинзи нема да има.
„ Се намалуваат бројот на новозаразени и се зголемува бројот на оздравени. Тоа го наметнува прашањето на враќање во нормала на секојдневниот живот. Одржување на растојание од 2 метри и користење на маски ќе останат секојдневие и понатаму. Почитувајќи ги сите мерки, ние ќе избегнуваме и нема да има масовни собири, ќе се избегнуваат сите групни собирања.Во контекст на изборниот процес, дистанцата и заштитните маски ќе бидат дел и од изборите“, изајви Николовски.