Неодамна, се спроведоа неколку студии кои покажуваат дека коронавирусот не само што се пренесува од површините или преку луѓето (преку капки кога кашламе или киваме), туку дека ситните вируси што ги издишуваме можат да стигнат во воздухот и можат да се задржат во форма аеросоли (мешавина на честички од вируси и течни честички) и на тој начин да се пренесуваат понатаму.
Засега, сепак, сè уште е неизвесно колку долго може да преживее во овој „вирусен облак“ во воздухот. Во неодамнешната студија на научниците од Универзитетите во Тулејн и Питсбург, објавено е дека вирусите можат да лебдат во воздухот до 16 часа. Не е разјаснето дали вирусите во таквите облаци се доволно заразни за луѓето да се разболат и да покажат симптоми.
Научниците го анализирале воздухот во Вухан
Сега, кинеските научници се осврнаа и на овој феномен. За да се испита однесувањето на вирусот во воздухот, тие се концентрираа на две болници и на неколку јавни места во Вухан за да утврдат каде е најголема концентрација на генетскиот материјал на Сарс-КоВ-2, а со тоа и ризикот од инфекција, а резултатите ги објавиле во списанието„Nature“.
Јуан Лиу од Лабораторијата за вирологија на Државниот универзитет во Вухан и неговиот тим поставиле „аеросолни стапици“, кои биле распоредени во две болници кои ги лекуваат исклучиво оние со КОВИД-19.
Научниците откриле дека концентрацијата на вирусна рибонуклеинска киселина (РНК) е многу мала во одделенијата за интензивна нега, т.е. каде што пациентите се поврзани со апарати за дишење, што се објаснува со ефективни мерки за изолација и честа замена на воздухот. Покачени се концентрации кај тоалетите на пациенти, кои немаат вентилација.
Највисока концентрација на вирусот РНК се нашол во просториите каде медицинскиот персонал ја отстранува заштитната облека, што укажува дека аеросолите што содржат честички на вирусот можат да се задржат кога ќе се отстрани заштитната облека.
Надвор од болниците, концентрацијата била релативно мала (супермаркети, станбени блокови). Исклучок се зоните во кои се задржуваат многу луѓе, како што е паркот во близина на една од болниците. Научниците претпоставуваат дека голем број луѓе биле заразени со новиот коронавирус и дека вирусот потекнува од воздухот и аеросолите.
„Ова е прва студија за аеродинамичните својства на Сарс-КоВ-2 во воздухот во Вухан, спроведена во реални услови, во пикот на епидемијата на КОВИД-19, кога беа воспоставени строги карантински мерки и ограничувања на движење“, се вели во студијата.