Епидемијата нема никаква поврзаност со Кина: Коронавирусот бил присутен во Франција уште во февруари?

од Nikola Popovski
162 прегледи

Избувнувањето на епидемијата на коронавирусот во Франција не е поврзана со случаите кои дошле од Кина и Италија, затоа што уште една болест со непознато потекло веќе ги заразила луѓето во таа земја пред тоа, тврди новото истражување.

Виролози од Институтот „Пастер“ во Париз помеѓу 24-ти јанури и 24-ти март издвоиле геноми од примероците кои што биле земени од 97 француски и три алжирски пациенти, заразени од коронавирусот.

Тоа што тие го откриле е дека доминантните видови на вирусот Ковид-19 во Францијасе разликуваат од оние кои што стигнале од Кина или Италија.

Најраниот примерок во Франција датирал од 19-ти февруари и потекнувал од заразена личност која што не патувала во странство и немала контакт со потенцијално заразен пациент од Ковид-19.

„Можеме да заклучиме дека вирусот циркулирал во Франција уште во февруари, пред бранот Ковид-19 во земјава“ – се наведува во извештајот направен на сајтот „bioRxiv“.

Научниците не го откриле потеклото на третиот слој, но додале дека не е доволно веродостојно увтрдувањето на времето на неговото доаѓање во Франција.

Првиот смртен случај во оваа земја поврзан со коронавирусот беше регистриран во средината на февруари, при што 129.859 се заразени, а 23.660 починале од компликации.