Вучиќ и српскиот епидемиолог му се обратија на Ѓоковиќ

од Aleksandar Petrovski
221 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и епидемиологот Предраг Кон, се обратија до Новак Ѓоковиќ.

Вучиќ и Кон ја коментираа контроверзната изјава на Новак за потенцијално задолжително вакцинирање во тенисот.

Кон зборуваше неколку пати претходно за мислењето на српскиот тенисер.

„Го советував да не зборува за вакцините, бидејќи тој има многу силно влијание врз луѓето и сите слушаат што вели тој, што е исклучително важно“, изјави Кон за ТВ Пинк, додавајќи:

„Јас сум обожавател на Новак Ѓоковиќ. Седам пет часа пред екранот и го следам секој негов чекор буквално. Го поддржувам на социјалните мрежи, кога беше во криза напишав дека Новак е навистина најдобриот. Како негов обожавател велам дека ништо подобро не и се случило на Србија во последниве половина век, меѓутоа, овде реагирав само на она што тој го зборуваше“.

Вучиќ накратко се надоврза.

„Новак е генијалец, а она што некои би сакале да го сторат е конфликт … Мислам дека Новак тоа го кажа малку поинаку, ќе биде се во ред“, рече Вучиќ.