Го одушеви и Путин: Познатиот руски пулмолог најтешките случаи не ги праќа на респиратори туку ги лечи со својот метод!

од Aleksandar Petrovski
313 прегледи

Најпознатиот руски пулмонолог, академик д-р Александар Григориевич Чучалин посочи дека треба да се користи метод што веќе е применет во московската болница за тешки астматичари за лекување на коронавирус.

Наместо да се приклучуваат на респиратори, кои помагаат вештачки да ги вентилираат белите дробови, на пациентите им се дава „гас“ коктел што го нарекоа „гелиокс“. Тоа е комбинација на хелиум и кислород.

Не само во руските медиуми, туку и на Запад, се повеќе и повеќе лекари предупредуваат дека употребата на респиратори може да биде опасна кај пациенти со тешки форми на Ковид-19.Во разговор со претседателот Путин, академикот Чучалин неодамна нагласил дека би било добро да се користи смеса на хелиум и кислород.

Чучалин во научните кругови има голема репутација како експерт во лекувањето на заболувања на белите дробови, но и како личност ангажирана во откривање на нови методи на лекување.

– Кај тешки пациенти со алвеоли, може да се појават грчеви и тромб и во такви ситуации респираторите не можат да помогнат. Затоа, мора да се користи нов метод на лекување. Само хелиум може да го реши проблемот со недостаток на кислород. Сега, овој нов метод на примена на хелиум се спроведува во научниот Институт Склифасовски во Москва – вели академик Чучалин.

Што велат другите руски пулмолози за овој нов метод на лекување?

– Методот што го предложи академик Чучалин веќе се користи во лекување на тешки опструктивни белодробни заболувања, како што се астма. Но, за да се користи мешавината „гелиокс“, треба да се направат уреди преку кои пациентот би добил мешан хелиум со кислород. Експериментите до сега покажаа дека оваа мешавина од гас им помага на пациентите со астма. А, што се однесува до употребата на „гелиокс“ за лекување на пациенти кои имаат респираторни проблеми поради коронавирусот, експериментите треба да покажат колку е ефикасен тој метод – вели професорот Сергеј Авдеев, дописник, соработник на Руската академија на науките и главен пулмонолог во руското Министерство за здравство.

Во врска со зголемената критика за употреба на уреди за вештачка вентилација кај пациенти со коронавирус, искусниот пулмонолог на Клиниката А. Остроумов во Москва, Александар Паљман вели дека „не постои идеален третман“, а респираторите се користат кога нема друг избор.

Досега во светот не постојат методи и подготовки за кои може да се каже дека се целосно ефикасни во лекувањето на коронавирусот.

Загреан хелиум

Сергеј Вартоломејев, научен директор на Институтот за биохемиска физика „Н.М. Емануел“ и член на Академијата на науките, кој учествуваше во развојот на употреба на топла мешавина на хелиум и кислород, рече дека новиот метод е безопасен и му помага на пациентот да дише полесно воздух, односно кислород. Вартоломеј тврди дека загреаниот хелиум уништува вируси во белите дробови.