Д-р Ентони Фаучи, најголем американски експерт за заразни болести и клучен член на работната група за борбата против коронавирусот на претседателот Доналд Трамп, изјави дека нема научна основа за теоријата дека е новиот коронавирус е создаден во кинеска лабораторија или „избегал“ од лабораторијата откако бил земен од дивината.
Според него, ако се погледне на еволуцијата на вирусот кај лилјаците и што се случува сега, научните докази јасно укажуваат дека не станува збор за вештачка или намерна манипулација. Фаучи додава дека сè за постепената еволуција со текот на времето апсолутно укажува на тоа дека овој вирус еволуирал во природата и потоа преминал од еден вид на друг, пренесува Гардијан.
Трамп и американскиот државен секретар минатата недела изјавија дека новиот коронавирус е создаден во лабораторија во Вухан.
Директорот на Светска здравствена организација за вонредни ситуации Мајкл Рајан вчера изјави дека СЗО не добила никакви докази или информации со кои би се поткрепиле тврдењата дека Ковид-19 е создаден во лабораторија.
– Од наша перспектива, ова и понатаму е шпекулација, посочи Рајан.
Тој повтори дека доказите кои ги има СЗО укажуваат на природното потекло на Ковид-19.