Познати се мерките кои ќе треба да ги применуваат кафулињата, баровите, клубовите, казината и спортските обложувалници

од Берта Китинска
317 прегледи

Познати се мерките кои ќе треба да ги применуваат кафулињата, баровите, клубовите, казината и спортските обложувалници во нашата земја.

Кафулиња

Прва фаза

Согласно уредба на Владата, се забрани целосно работата на кафетерии, барови, клубови, казина и спортските обложувалници. Кафетериите може да продаваат кафе и безалохолни пијалоци без посета на гости односно да остваруваат продажба на алтернативен начин (онлајн нарачки, телефонски нарачки и сл.) и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од кафетеријата (преку штанд/пулт).

Втора фаза

Се дозволува отворање на кафетериите со ограничувања во однос на начинот на работа и со почитување на протоколите за преземање на превентивни мерки во услови на епидемија од Ковид-19.

Протокол за отворање и работа на кафетерии

  1. Ограничено работно време (до 18 часот)
  2. Се дозволува работа само на отворените делови (терасите) од кафетериите
  3. Се ограничува бројот на гости, само на тие кои може да седат
  4. Задолжително менаџирање при влегување на гостите од одредено одговорно лице пред влезот на угостителскиот објект
  5. На терасите за послужување на гости каде има поставено маси, треба да се обезбеди простор од најмалку 9,6m² за една маса со 4 столови
  6. Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса
  7. Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на пијалоци
  8. Засилени санитарно-хигиенски мерки, задолжително пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, по заминување на секоја тура на гости. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
  9. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
  10. Забрането организирање на прослави (веселби, родендени и сл.)

Третата фаза прочитајте ја на „Угостителство.мк“.

 

Слични содржини