Поповска: Со отворени листи нема да бидат господари на политичката ситуација, затоа блокираат

од Aleksandar Todeski

Исходот од одблокирање на законите би бил демократизација на државата, јас би сакала да ги слушнам аргументите против една изборна единица и против отворени листи. Сакам да ги слушнам и аргументите против еднаква родова застапеност, рече пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска на отворената дебата во Собранието за измена на Изборниот законик, што е блокирано од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со илјадници амандмани.

„Нема да може да бидат господари на политичката ситуација во Македонија, второ, секоја партија ќе има избор дали сама или во коалиција и трето, граѓаните ќе можат да се произнесат како и за кого сакаат да гласаат, ова би произлегло ако не се блокираа. Би сакала да слушнам аргументи против. Се водат битки долгогодишно, ние како ДОМ сами излеговме на избори во 2006 година, освоивме гласови за тројца пратеници, успејавме одвај еден пратеник да обезбедиме и јас од тогаш ја водам оваа битка“, рече Поповска.

За збор се јави и пратеникот од владејачкото мнозинство, Рубин Земон, според кого моменталниот изборен модел е нерамноправен, бидејќи резултатите во шестата и во третата изборна единица не е уважуван исто.

А.Т.

Слични содржини