На послдниот митинг во Москва беа приведени рекорден број на луѓе. Само за еден ден Русија се врати во времето на протестите од 2011-2013, посочува Олег Кашин во коментар за Дојче веле.

Што е тоа: политичка дестабилизација или забрзано топење на мразот?
Речиси истовремено протестни акции спроведени во руски и белоруски градови, не тераат да се потсетиме на зборовите на некои руски опозиционери, според кои Русија заостанува од Белорусија со околу 5 до 7 години: Лукашенко дојде на власт порано од Путин и почна да го гради подемот порано од него, а вестите во Белорусија од последните години личат на современите настани во Русија.
Дали пак Москва не дофрла веќе до Минск? И од двете престолнини има доволно разновидни приказни кои покажуваат едно и исто: подеднакво жестоките мерки на Омонија и подеднакво младите лица на демонстрантите. Тие се слични и уште нешто: опозицијата веќе не се обидува да гради коалиции и обединувачки структури – протестните слогани се концентрирани над некоја конкретна тематика (во Белорусија – гледаме борбата против казните за т.н. Безделници, а во Русија – против корупцијата) . И во двете земји неочекуваното улично заживување изгледа инспиративно – но само ако не си спомнуваме како завршија претходните протестни сезони, кои при авторитаризмот беа толку бројни да првите учесници во нив сигурно веќе одамна се излезени во пензија.
Револтирани претежно од Путин
Руските протести де факто ја откриваат предизборната кампања за гласови во 2018 година – контекстот тука е посилен од формалниот повод, на кој беа организирани акциите во Москва и другите руски градови. И колку и импресивен да беше ликот на Дмитриј Медведев на позадината на тосканските лозја и црноморските резиденции – главниот предмет на револтот сепак останува Владимир Путин – и тоа не Путин како узурпатор , корумпиран политичар или иницијатор на валкани војни, туку Путин како таков.
Многумина набљудувачи го забележаа фактот дека во протестите преовладуваа лицето на млади и сосема млади луѓе – т.е. на оние кои се родени во управувањето на Путин, или барем такви чија свесност и живот помина во негово време.
И дури и да немаше конкретни поводи за критики, овие млади луѓе повторно се згрозуваат од Путин, исто како што младите се згрозуваат од Брежнев во 1970-те години. Луѓе се раѓаат, растат, преминуваат од училиштето во универзитетот , се заљубуваат и се женат, а првиот човек во државата си останува ист.
На Дмитриј Медведев не му поминува – тој стана херој со истрагата на Алексеј Навални токму во момент кога премногу луѓе, претежно млади, созреваат со потребата од протести. Но, тоа не се митинзи за оставката на премиерот, туку чисто и едноставно само собири – во руската политичка реалност токму уличните протести се оние кои веќе одамна го пополнуваат оној вакуум, кој настанал откако парламентот стана декор, а системските партии беа конечните ” питоми” .
Може дури да се каже дека митинзи во Москва одамна станаа дури во елемент на политичката стабилност. Тие служат како оправдување за постојаната модернизација на полицијата, а сега веќе и на руската гарда, тие создаваат работа за политичко-технолошките сектори на Кремљ, тие го стимулираат развојот на пропагандистките структури на традиционалните медиуми како телевизијата и на новите медиуми како социјалните мрежи, ангажирањето на trolls и сл
Уличните протести, на чело на кои овие денови конечно застана Алексеј Навални, сами по себе веќе одамна станаа субјект кој го компензира отсуството на оние делови од политичкиот систем, кои Владимир Путин успешно го ампутира или го дефокусира .
Во очекување на лото
Улицата во моментов практично го заменува и парламентот и партиите, и социолошките анкети, а истовремено со тоа – и оној непријател против кого власта може долго да се бори, претворајќи ја оваа борба во удобно и добро платено свое занимање.
Ако треба, власта ќе штеди од сè, само не и од борбата против опозицијата. Модната тема на политиколози од последните месеци – да се чека политичкото забрзано топење на мразот – нема да исчезне и по овие собири, без оглед на стравувањата на некои скептици.
Само затоа што со “топењето на мразот” во Русија е прифатено да се поврзуваат секакви максималистички очекувања за некакви си радикални реформи. А всушност, помирување може да биде и сосема поинаква – доволно е дека демонстрантите излегуваат на улиците, а власта, условно кажано, се фаќа за глава, за да покаже дека во иднина ќе им ‘се наметнува да се почитуваат и со демонстрантите.
Најсигурен показател за реалниот политичка клима во Русија ќе бидат полициските реакции на протестните собири – ако силите за безбедност влезат во крвавата пресметка, како едно време против учесниците во Маршот на милионите во 2012 година, тоа никакво нема да има забрзано топење на мразот . А ако не, политичко помирување ќе настапи, но токму такво – невообичаено.
Колку подолго се гради авторитарен систем, толку скромни прилики за радост ќе имаат нејзините критичари – тоа, впрочем, може да се спореди со лотарија во која џекпот станува поголем, колку подолго не успеваат да го погодат .
Најмногу во моментов игра и се коцка Навални. И колку и да е итар власта, таа сепак не е во состојба да се осигура дека тој никогаш нема да успее да го погоди џекпотот.