АБА-2: МЗТ запиша гостинска победа против Слобода

од Aleksandar Petrovski

МЗТ Скопје Аеродром вечерва запиша победа со 82-69 (49-28) на гостувањето кај Слобода во Тузла, на дуел од 12.коло од АБА-2 лигата.

Клучно за победата на македонскиот тим беше играта во првите два дела, откако на пауза заминаа со цели 21 поен предност. Тренерот на „металците“ Ѓорѓи Кочов во завршните минути направи многу ротации, штодомаќинот знаеше да го искористи и да го ублажи поразот.

Милошевиќ реализираше 19 поени кај победничкиот тим, додека кај поразените Грег зад своетоима запиша 18 поени и 10 скокови.

МЗТ е на второто место на табелата во регионалната кошаркарска лига со 9 победи и три порази.

Во следното коло, тимот од Аеродром го пречекува Спарс од Сараево.

Слични содржини