Австралиските рок легенди AC / DC објавија дека гиодложуваат датумите на останатите концерти од американската турнеја, откако лекарите го предупредиле вокалистот Брајан Џонсон дека може целосно да оглуве. 68-годишниот Џонсон беше советуван од докторите веднаш да го запре учеството во турнејата, бидејќи ризикува да го загуби целосно слухот.4700368

AC / DC, кои се познати дека свират на болно високи децибели, најавија дека ќе ги одложат датумите за преостанатите концерти, а на нив ќе користат гостин вокалист. Џонсон, кој е познат со непроменливиот качкет и специфичната боја на гласот, станува член на групата во 1980 година, кога пејачот Бон Скот умира по тешка поднапиена ноќ.

Меѓу одложените концерти е оној во Атланта во вторник, и на 4 април во Медисон Сквер Гарден во Њујорк. Не се знае дали групата ќе може да продолжи со турнејата во Европа. Таа требаше да започне на 7 мај во Лисабон и да заврши на 12 јуни во данскиот град Архус.

Слични содржини